Заев: Апсолутно не му верувам на Обвинителството, тврдам дека Рашковски не ја злоупотребил функцијата

Рашковски ќе биде виновен кога тоа ќе се потврди со правосилна судска пресуда, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за неделникот „Фокус“.

И од денешен аспект, тој смета дека поранешниот Генерален секретар на Владата не ја злоупотребил функцијата и спровел, како што вели, „кристално чисти јавни набавки“.

„И денес тврдам дека не ја злоупотребил функцијата и има спроведено кристално чисти јавни набавки. Останувам на ставот дека Владата може да нарачува софтвер без да праша никого, а на министерството е дали ќе го користи“, додава Заев во интервјуто.

„Апсолутно не им верувам и за овој, како и за многу други предмети, вклучувајќи и предмети за опозиционерите…“, вели понатаму премиерот, прашан дали тоа што го брани Рашковски значи дека не му верува на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција. Прочитајте ТУКА.

- Реклама -