Заев за „Фокус“: Не ѝ верувам на Русковска дека Рашковски ја злоупотребил функцијата

И покрај низата спорни потези на поранешниот Генерален секретар на Владата – Драги Рашковски, од кои последниот обелоденет е набавката на уште еден систем со сомнително многу сличности со уште еден негов патент – за кабина за гласање од 105.000 евра, премиерот Зоран Заев сѐ уште не е убеден дека имало било каква злоупотреба. Напротив.

„Не ѝ верувам на Русковска дека Рашковски ја злоупотребил функцијата“, вели премиерот во интервју за „Фокус“, цитира порталот во најавата за најновиот број од неделникот (кој може да се купи и во електронска форма).

Во интервјуто, Заев, зборува и за очекувањата од јуни во поглед на евроинтеграцискиот пат на државава, како и внатрепартиските односи, актуелните афери и локалните избори.

Меѓу другото, тој изјавил и дека „досега не направил никаква штета на државните и на националните интереси, туку напротив, не само што ги има сочувано, туку и доафирмирано и потврдено“.

- Реклама -