Официјално: Полициски час од 23 часот, задолжителна изолација за патниците од Индија и Бразил

Она што беше најавено, и се оствари. На денешната 68-ма седница, Владата го послуша предлогот на Министерството за здравство за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните, согласно која од утре (5 мај, среда) полицискиот час наместо од 21 часот, ќе почнува од 23 часот.

Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Како што информираат од Владата, покрај овие измени, Комисијата за заразни болести предложила, а Владата прифатила, и воведување на задолжителна самоизолација од 14 дена за сите домашни и странски патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил, со цел спречување на ширење на новите соеви на SARS-CoV-2.

- Реклама -