Влада: Од среда полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22.30

Министерството за здравство доставило предлог за олеснување на рестриктивните мерки против ширење на коронавирусот.

Како што информираат од Владата, барањето било разгледано на денешната седница на Главниот координативен кризен штаб, кој, врз основа на истото, предложил на следната владина седница да биде усвоено скратување на времетраењето на полицискиот час и продолжување на работното време на угостителските објекти.

Имено, се предлага забраната и посебниот режим на движење, наместо од 21 часот, да почнува од 23:00 часот (и да трае до 05:00 часот наредниот ден, како и досега).

Паралелно, се предлага угостителските објекти да работат до 22.30 часот, но само во отворениот (летни тераси, градини) а не и во затворениот дел.

Доколку мерките се усвојат, ќе стапат на сила веќе од 5 мај 2021 година (среда).

- Реклама -