Home 365 Денес Пауновски по разрешувањето: Одбраната на институцијата со која раководев не наиде на разбирање од премиерот

Пауновски по разрешувањето: Одбраната на институцијата со која раководев не наиде на разбирање од премиерот

0
Пауновски по разрешувањето: Одбраната на институцијата со која раководев не наиде на разбирање од премиерот

По кратката изјава за „Телма“ во која изрази несогласување, но не и изненаденост од одлуката да биде разрешен, сега веќе екс-директорот на Државниот пазарен инспекторат – Стојко Пауновски, се огласи и на Фејсбук. Во постот, Пауновски изрази огромна благодарност за поддршката од граѓаните, но и жалење што премиерот не ја препознал неговата борба за одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководел.

„Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот ‘пркос’ ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција.

Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот“, напиша Пауновски.

Тој изрази посебна благодарност до неговите колеги од Пазарниот инспекторат, кои застанаа во негова одбрана.

„При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на сѐ што направивме заедно!

Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, порача Пауновски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here