Петиција, мобилизација кон Скопје и барање за средба со Заев – пазарните инспектори не го даваат Пауновски

Вработени од Државниот пазарен инспекторат од цела Македонија потпишуваат петиција и се упатуваат кон Скопје, изразувајќи целосна поддршка за директорот на инспекторатот – Стојко Пауновски, откако премиерот Зоран Заев вчера предупреди, а денеска најави негово разрешување. Вработените од ДПИ бараат средба на која се надеваат дека ќе го премислат премиерот, во спротивно тоа за нив ќе претставува неправда кон институцијата.

Според Александра Котели од Пазарниот инспекторат, која ја најави петицијата, Пауновски за три години направил тоа што претходно не го направил ниту еден директор на ДПИ.

„Во историјата на работењето на Државниот пазарен инспекторат не се случило да постои директор со толку кадарен, морален, личен и етички капацитет. Условите што ги обезбеди за вработените и за работењето на Инспекторатот во само три години од неговиот мандат се услови што ќе ги користат вработените уште многу години во иднина. Од набавка на возила до комплетна реконструкција на речиси сите подрачни одделенија, како и зголемување на бројот на инспектори во однос на административниот кадар. Квалитетот на работењето и реномето го издигна на многу повисоко и попрофисонално ниво, на што укажуваат и остварените резултати. Она што сега се случува во Пазарниот инспекторат на територијата на целата држава и сите подрачни единици е потпишување петиција за прием кај премиерот, со цел отповикување на неговата најава за разрешување на директорот. Доаѓаат колегите од цела Македонија. Буквално, цела држава. Од Охрид, Дебар, Струга, Тетово, Кичево, буквално од сите градови“, изјави Котели за „А1он“, во името на сите вработени.

Во однос на рамковните административци, Котели потенцира дека во време на пандемија, во која Пазарниот инспекторат година и пол е во првите редови за заштита на населението, добрата кадровска екипираност е клучна. Прочитајте ТУКА.

- Реклама -