Филипче: Предложивме полициски час од среда

Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче предлагаат полицискиот час да стапи во сила уште во среда (10 март), посочува Филипче на Фејсбук, откако Министерството за здравство информираше дека Комисијата предложила воведување на полициски час на целата територија на државата, секој ден во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро.

Филипче повтори дека причината за предлогот е тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

„Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна, затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19“, порачува Филипче.

- Реклама -