На денешен ден пред 149 години е роден еден од најистакнатите револуционери и синови на македонскиот народ

Еден од најистакнатите револуционери и синови на македонскиот народ роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија

Гоце Делчев, идеологот, организаторот и водачот на македонското револуционерно национално ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија.

Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Делчев се противел на кревањето на Илинденското востание сметајќи дека е преурането, но неколку месеци по неговата смрт во Крушево започна востание кое беше задушено во крв по десет дена.

Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

На 4 мај 1903 година, Гоце Делчев загинал во борба со османлиската војска во селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија.

- Реклама -