33 популарни прашања и одговори

prasalnik.jpg Некое прашање има толку очигледен одговор, но сепак не го знаете? Или пак имате прашање кое се срамите да го поставите? Погледнете дел од листата на популарни прашања – а и одговори на истите. Можеби тука ќе го пронајдете вашето прашање/одговор.

 

bulb3.jpg

Некое прашање има толку очигледен одговор, но сепак не го знаете? Или пак имате прашање кое се срамите да го поставите? Погледнете дел од листата на популарни прашања – а и одговори на истите. Можеби тука ќе го пронајдете вашето прашање/одговор.

1. Каде е најбезбедно место за време на грмотевици?
– Високи, осамени вертикални објекти имаат повеќе веројатност да бидат удрени од гром, но не мора да значи. Понекогаш рамната земја до дрвото може да биде удрена. Автомобил или друга затворена метална структрура се најбезбедни места за време на грмотевици. После тоа, грмушките се следен избор. Бидете далеку од места со различен терен(вода и почва; карпи и земја, дрва и полиња). Исто така бидете најмалку 5 метри оддалечени од метални објекти или други луѓе, бидејќи молњата често ќе „скока“ од еден објект на друг.

2. Зашто идентичните близнаци имаат различни отпечатоци на прстите?
 -Иако идентичните близнаци делат иста ДНК, тие не изгледаат идентично ќелија по ќелија, бидејќи секоја црта на вашиот физички изглед е одреден од вашите гени. Отпечатоците се формираат полу-случајно како што фетусот се развива, под влијание на работи како што се хормонските нивоа, на пр. Слично, шаблонот на пеги или бемки на кожата е предизвикан од различни мутации и ќе варира помеѓу идентични близнаци.

3. Дали човечката раса сеуште расте?
– Просечната висина, барем во западнато општество, се зголемува поради подобра детска исхрана и сексуална селекција. Но, луѓето над 188 цм е многу веројатно дека ќе имаат проблеми со грбот, а над 203 цм срцето почнува да пумпа крв околу телото.

4. Зашто ми е ладно кога имам треска?
– Треска имаме кога телото го зголемува внатрешниот термостат, најден во хипоталмусот. Ако вежбате напорно, или ако е топол ден, вашата телесна температура може да се зголеми, но термостатот ќе си остане на околу 36.8°C. Кога се чуствувате жешко, хипоталмусот се обидува да го поправи тоа со потење и зголемен крвоток низ кожата. Но со треска, самиот термостат е тој што е зголемен. Ова значи дека вашата телесна температура е под 36.8°C,  па се чуствувате ладно и се тресете, за да се обидете и да ја зголемите вашата телесна температура. Високата телесна температура може да помогне во борењето со инфекциите со забрзувањето на продукцијата на белите крвни зрнца и намалување на репродукцијата на бактериите.

5. Од каде е кратенката O.K.?
– Најпопуларната теорија е дека O.K. доаѓа од „oll korrect“, погрешно пишување на „all correct“. Било популарно во Бостонските весници во 1840, кога погрешното пишување било наменето за хумористичен ефект. Легендата исто така вели и дека демократите во Њу Јорк подоцна ја користеле кратенката за промовирање на нивниот кандидат Martin Van Buren – иницијалите ОК биле од неговиот прекар, „Old Kinderhook“

6. Зашто не можеме да ја пополниме озонската дупка со човечки направен озон?
– Едноставно, бидејќи ќе требаат милиони тони озон за да се пополни дупката, а и да се стави каде што е потребен – е астрономски скапо.

7. Има ли лесен начин да се докаже дека Земјата е тркалезна?
– Да, со патување. Бидејќи површината на Земјата е закривена, ќе забележите нови созвездија како што патувате.

8. Може ли да држите риба надвор од вода?
– Да. Неколку видови на риби можат да вдишуваат воздух и да ползат по земја. Има и околу 50 видови на летачки риби.

9. Дали растенијата можат да умрат од старост?
– При добри услови, некои растенија можат да живеат вечно. Треба голема промена во условите за да се „довршат“.

10. Дали мастиката навистина останува внатре во телото неколку години?
– Не. Мастиката е тешко сварлива, но нема некоја магична особина која и овозможува да избега од нормалното човечко варење. Три дена е основниот лимит.

11. Од каде доаѓаат фобиите?
– Околу 10% од популацијата страда од фобии. Некои се предизвикани од трауматичен настан додека другите се поврзани со психички проблеми. Студиите покажале дека едноставните фобии се делумно генетички, додека некои и се од културната историја. На пример, стравот од пајаци бил присутен во Средниот Век кога пајаците биле асоцирани со чума.

12. Дали бацилите можат да добијат бацили?
– Да. Бацилот ќе биде дури помал организам кој ќе го нападне домаќинот одвнатре.

13. Зашто повеќе ни се лоши кога сме за задното седиште?
– Бидејќи немате добар поглед на хоризонтот. Лошењето при возење настанува кога механизмот за баланс во вашето уво регистрира движење, но вашите очи ви кажуваат дека сте во мирување.

14. Дали можеме да живееме само од вода и од додатци?
– Не. Како што ни требаат витамини и минерали, исто така ни требаат и јагленохидрати, масти и протеини за енергија и за обнова на ќелиите.

15. Дали пијалоците ве оладуваат?
– Да. Тие прават телото да мисли дека е потопло отколку навистина е, па се потите повеќе, што доаѓа до намалување на телесната температура.

16. Што ќе се случи ако нема Месечина?
– Најбрз ефект (освен што ќе нема Месечева светлина, нормално) ќе има на Земјините бранови. Со гравитационата сила само на Сонцето, разликата помеѓу голем и мал бран драстично ќе се намали – а и ќе ги намали втрежите на Земјата, додавајќи околу плус 0.002 секунди на денот секој век. Гледано подалеку, ефектите се далеку посериозни. Климата на Земјата многу зависи од косината на планетата која е агол од 23.5° и без стабилното присуство на нашата огромна Месечина, гравитацијата на другите планети ќе предизвика големи промени на овој агол – како што е случајот со Марс, кадешто косината му се сменила за 60° пред неколку милиони години.

17. Можам ли да бидам алергичен на вода?
– Не. Алергиите настануваат кога нашион имун систем е нападнат од антитела. Но ниедно антитело не е толку многу поврзано со водата.

18. Како семето знае како да израсне?
– Сите растенија имаат чуство за правецот на гравитиционото поле и се ориентираат според тоа. Ова се нарекува geotaxis. Во израснатите растенија, phototaxis – ата (растење кон светлосен извор) го надминува гравитициониот импулс, но корените и се придружуваат кон гравитацијата за ориентација.

19. Зашто сумо борачите се толку дебели?
– Ова е Њутновиот втор закон за движење – движење=сила/маса. Едноставно, колку сте потежок, толку повеќе сила противникот треба да има за да ве придвижи, или да ве подигне и да ве фрли. Најтешкиот борач тежел 267кг. и ниеден борач не го кренал.

20. Зашто дишењето чист кислород ќе ве убие?
– Нашата крв еволуирала да го заробува кислородот кој го вдишуваме и да го сврзува безбедно со молекулата за транспорт наречена хемоглобин. Ако вдишете воздух со поголема од нормална О2 концетрација, кислородот во белите дробови ќе ја „затрупа“ способноста на крвта да го однесе понатаму. Резултатот е дека чистиот кислород ќе се сврзе со протеините на дробовите, ќе се вмеша во работата на нервниот систем и ќе ја нападне ретината.

21. Дали очите ќе ми излетаат ако не ги затворам кога кивам?
– Не, од многу причини, вклучувајќи го и фактот дека воздухот во носот и грлото при кивање не е директно поврзан со ништо позади окото. Ова значи дека неможе да се создаде притисок кој ќе ги „турне“ вашите очи напред.

22. Ако луѓето изумрат, дали пак ќе еволуираме од некој вид на мајмуни?
– Можеби, ако изумреме од некоја чума што ќе го зафати само нашиот вид, можно е друг вид на мајмуни да еволуираат и до поголема интелигенција.

23. Дали сите оси прават мед?
– Не. Возрасните оси пијат нектар од цветовите но не го претворуваат во мед. Тие со тоа ги хранат малите.

24. Зашто птиците не ги удира струја кога слетуваат на електричен кабел?
– Не е волтажата таа што убива, туку разликата помеѓу волтажата, која е потребна за струјата да тече. Ако птица слета на единечна струјна линија, да речеме 35.000 волти, недостигот од волтажна разлика е тоа што ја држи безбедна. Ако ги рашири крилјата и допре друга струјна линија со различна волтажа, ќе ја удри струја. Затоа електричните компании оставаат доволно простор помеѓу каблите.

25. Дали железото во нашата крв е под влијание на силни магнетни полиња?
– Да, ама многу слабо. Случајните термички движења ги стопираат хемоглобинските молекули да формираат стабилни магнетни диполови.

26. Имам фотографии стари 100 години. Дали и моите дигитални фотографии ќе траат толку долго?
– Да, ако после принтањето ги чувате во кутии кои имаат заштита против светло.

27. Дали човечката генетска мутација може да создаде суперхеројска моќ?
– Не, генетската мутација само предизвикува ген кој кодира еден амино киселински синџир да кодира друг малку поразличен синџир.

28. Дали спротивностите навистина се привлекуваат?
– Не, луѓето е поверојатно да изберат партнер кој е сличен на нив кога е во прашање една од човечките особини – согласување, чуствителност, отвореност, разговарање…

29. Дали лавовите предат?
– Сите членови на фамилијата мачки предат, иако Pantherinae подфамилијата – каде што е лавот – можат да предат само додека издишуваат.

30. На која точка почнува вселената?
– Изненадувачки, но и 50 години подоцна откако астронаутите почнале да ја истражуваат вселената, сеуште нема интернационална позната легална дефиниција за тоа каде почнала нивната авантура. НАСА традиционално на сите што достигнале височина од 80 км им дава „астронаутски крилја“. За време на 1960 пилотите од X-15 експрименталната ракета ја достигнале оваа височина, како и астронаутите од  Mercury, Gemini и Apollo програмата. Повеќе експерти се согласуваат дека таа висина може да биде легален стандард, додека пак адвокатите во Австралија во 2002 станаа првите кои ја земаат висината од 100 км како дефиниција за тоа каде почнува вселената.

31. Дали рибите пијат?
– Да и не. Рибите во свежа вода апсорбираат повеќе од доволно вода од озмоза преку нивните крлушки, рибите во солена вода пијат, бидејќи губат вода преку осмоза.

32. Како да знаеме дека брзината на светлината е иста за сите?
– Ова е бранење на теоријата за специјален релативет – и не е очигледно. Брзината на возот може да биде 200км/ч за набљудувач кој стои во место, но 400км/ч за воз кој доаѓа од спротивниот правец. Ајнштајн тврди дека брзината на светлината е иста за секого, без разлика на тоа како тие се движат, а и тоа било потрвредно со експримент во CERN во Женева, суб – атомски партиции биле акцелерирани до 99.975 проценти од брзината на светлината, но кога брзината на светлината која што ја емитувале била измерена, била 300.000км/ч, како што предвидел Ајншатјн!

33. Дали хелиумските валони ќе лебдат нагоре во вселенски шатл?
– Не, нема „нагоре“ во вселенски шатл, бидејќи нема гравитационо поле кое ќе ни каже што е „долу“ а што е “горе“. Во недостиг од гравитација, нема сила која би го туркала или влечела балонот.

 

- Реклама -