14 починати и рекордни 1285 нови случаи во земјава, 1079 активни случаи во Аеродром

Во последните 24 часа се направени рекордни 3404 тестирања, а регистрирани се исто така досега рекордни 1285 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 522
-Куманово 43
-Дебар 3
-Штип 46
-Прилеп 79
-Тетово 73
-Струга 25
-Велес 63
-Битола 57
-Охрид 40
-Кавадарци 46
-Гостивар 54
-Гевгелија 17
-Струмица 36
-Крива Паланка 8
-Радовиш 13
-Крушево 1
-Кочани 22
-Пробиштип 2
-Демир Хисар 5
-Македонски Брод 4
-Берово 5
-Валандово 3
-Виница 11
-Делчево 11
-Кратово 3
-Свети Николе 18
-Кичево 44
-Ресен 4
-Неготино 27

Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52г), еден од Битола (75г), двајца од Кичево (66 и 71г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Штип (62г), еден од Свети Николе (76г), еден од Радовиш (66г), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82г), еден од Гостивар (78г) и еден пациент од Кавадраци (21г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од:

-Скопје 162
-Куманово 5
-Дебар 1
-Штип 2
-Охрид 3
-Гевгелија 1
-Струмица 1
-Демир Хисар 1

Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38782, бројката на оздравени пациенти е 23011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14661.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 16.924, активни 6732
• Куманово 2.615, активни 641
• Дебар 376, активни 74
• Штип 1.913, активни 424
• Прилеп 1.765, активни 798
• Тетово 2.670, активни 890
• Струга 929, активни 186
• Велес 1.120, активни 672
• Битола 996, активни 495
• Охрид 924, активни 397
• Кавадарци 708, активни 367
• Гостивар 1.437, активни 393
• Гевгелија 478, активни 215 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 83 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.182, активни 649
• Крива Паланка 279, активни 125
• Радовиш 296, активни 115
• Крушево 46, активни 23
• Кочани 848, активни 266
• Пробиштип 248, активни 94
• Демир Хисар 104, активни 34
• Македонски Брод 115, активни 15
• Пехчево 60, активни 4
• Берово 236, активни 60
• Валандово 117, активни 36
• Виница 224, активни 107
• Делчево 299, активни 144 (74 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 90, активни 59
• Свети Николе 543, активни 125
• Кичево 724, активни 286
• Ресен 284, активни 90
• Неготино 232, активни 145 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Во главниот град, состојбата изгледа вака:

• Чаир – 400
• Гази Баба – 913
• Аеродром -1079
• Карпош – 923
• Центар – 893
• Кисела Вода – 803
• Ѓорче Петров – 555
• Бутел – 366
• Шуто Оризари – 93
• Студеничани – 33
• Сарај – 63
• Арачиново -14
• Илинден – 160
• Сопиште – 58
• Чучер Сандево – 47
• Петровец –62
• Зелениково -37
• Странец – 88
• Нераспределен- 145

Денеска во болниците имало вкупно 918 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, што е исто така највисока бројка од почетокот на пандемијата.

На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

- Реклама -