Home 365 Денес Новите капацитети брзо се полнат – речиси 900 пациенти во болниците поради ковид; Аеродром стигна до 950 активни случаи

Новите капацитети брзо се полнат – речиси 900 пациенти во болниците поради ковид; Аеродром стигна до 950 активни случаи

0
Новите капацитети брзо се полнат – речиси 900 пациенти во болниците поради ковид; Аеродром стигна до 950 активни случаи

Осми ден по ред продолжува да расте и руши рекорди вкупниот број на пациенти – позитивни или сомнителни на ковид, во болниците низ земјава. Во последните четири дена, оваа бројка дневно се зголемува за околу 50-тина пациенти, па бројот на заболени во болниците практично држи чекор со ангажирањето на нови болнички капацитети.

Според Министерството за здравство, утрово во болниците низ земјава имало вкупно 888 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19. За споредба, пред само 7 дена оваа бројка изнесуваше 669.

Како што информира Министерството, во последните 24 часа на Инфективната клиника се примени 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158, од кои 131 се на кислородна поддршка, а нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 13 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 52 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 452 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По денешните рекордни 1275 новодијагностицирани во 24 часа, макар што од рекордни 3.331 тестирања, бројката на активни случаи на Ковид-19 во земјава се искачи на 12.762.

Од нив, 5.880 се во Скопје, а предводи општина Аеродром со 950 активни случаи. Според досега завршените епидемиолошки анкети, состојбата во главниот град изгледа вака:

• Чаир – 338
• Гази Баба – 781
• Аеродром -950
• Карпош – 834
• Центар – 791
• Кисела Вода – 716
• Ѓорче Петров – 483
• Бутел – 319
• Шуто Оризари – 78
• Студеничани – 29
• Сарај – 57
• Арачиново -13
• Илинден – 135
• Сопиште – 49
• Чучер Сандево – 38
• Петровец –54
• Зелениково -26
• Странец – 72
• Нераспределен- 117

На ниво на државата, дистрибуцијата на активни случаи, односно болест во тек, изгледа вака:

• Скопје 15832, активни 5880
• Куманово 2522, активни 564
• Дебар 362, активни 68
• Штип 1832, активни 364
• Прилеп 1646, активни 707
• Тетово 2548, активни 801
• Струга 888, активни 145
• Велес 1013, активни 577
• Битола 884, активни 408
• Охрид 845, активни 319
• Кавадарци 625, активни 285
• Гостивар 1371, активни 340
• Гевгелија 447, активни 199 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 76 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1113, активни 607
• Крива Паланка 266, активни 113
• Радовиш 273, активни 101
• Крушево 43, активни 20
• Кочани 804, активни 237
• Пробиштип 239, активни 88
• Демир Хисар 94, активни 26
• Македонски Брод 110, активни 12
• Пехчево 60, активни 6
• Берово 228, активни 58
• Валандово 113, активни 38
• Виница 209, активни 92
• Делчево 282, активни 127 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 83, активни 53
• Свети Николе 517, активни 104
• Кичево 653, активни 230
• Ресен 273, активни 83
• Неготино 197, активни 110 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here