Официјално: Високи 445 новозаразени и 9 починати од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-249,
Куманово-12,
Штип-13,
Прилеп-25,
Тетово-16,
Струга-7,
Велес-7,
Битола-14,
Охрид-12,
Кавадарци-3,
Гостивар-12,
Гевгелија-2,
Струмица-36,
Крива Паланка-5,
Радовиш-7,
Кочани-6,
Пробиштип-1,
Берово-2,
Виница-3,
Делчево-2,
Свети Николе-4,
Кичево-6,
Ресен-1.

Во болнички услови починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (72 и 62г), еден од Куманово (66г), двајца од Струга (58 и 65г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (83г), од Пробиштип (60г) и пациент од Свети Николе (65г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје-77, Куманово-15, Штип-11, Прилеп-7, Тетово-11, Струга-1, Велес-1, Битола-5, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-18, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21636, бројката на оздравени пациенти е 16591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4236.

- Реклама -