Инфектологот Вело Марковски стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски останува претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одлучи Централниот комитет на партијата на вечерашната седница.

Вечерва, притоа, беа избрани и членовите на новиот Извршен комитет на партијата. Меѓу нив, најголемо изненадување е инфектологот Вело Марковски.

Како што соопшти Мицкоски, за потпретседатели се избрани Александар Николоски и Владо Мисајловски, а членови, покрај Марковски, ќе бидат и Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска-Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонио Милошоски.

Од новиот состав на ИК нема да биде дел Илија Димовски.

Како што соопшти Мицкоски, и Игор Јанушев повеќе нема да биде генерален секретар на партијата. Се повлекол од партиските функции, посочи, од лични причини. Сепак, тој останува во партијата да помага во борбата против „мафијата, неправдите и злотото над Зоран Заев“, која Мицкоски ја посочи како главна цел на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

 

- Реклама -