Героски: Ќе биде ли Заев подобар од Тито? Па зарем некој се сомнева во тоа?!

Колумна на Бранко Героски, за „Плусинфо“

Државата ни е стабилна. Владата ни е стабилна. Коалицијата е стабилна. Следува стабилен период и во даночната политика, период без промени. Ова се главните поенти од комуникацијата на старо-новиот премиер Зоран Заев со македонските стопанственици, но и со македонските граѓани.

Со еден збор, сѐ е стабилно. Постабилно од ова, само во Бутел.

Новата влада на Заев, барем засега, најавува „предвидливост“ на евентуалните промени. Кои нема ни да ги има. „Ако се случи промена на данокот, таа треба да биде најавена на време. Немаме такви најави и нема таква потреба“, уверува Заев. Те шуќур!

Натуршчик во ролјата на популист

Пред некоја вечер, во дебата на Канал 5, укажав токму на овој феномен – на фактот дека и оваа, како и претходната влада на Заев, најверојатно нема да се занимава со производство на политики (реформи, новини, промени), туку со одржување на стабилноста и на продлабочување на својата „блискост со народот“, која почива на класичен популизам. Немав соговорник што може да разбере што зборувам, а камоли да дебатира за тезата.

„Државата е стабилна и постои за да им помага на граѓаните и на стопанството и да биде најдобар сервис на граѓаните“, вели „мудрецот“ Заев. Нема кој да му објасни на човекот дека државата не е тоа. Да проба Грета? Џабе. За Заев, како и за многу други како него, државата, владата и партиите со кои раководат не се погони за производство на политики, туку „сервиси“ за исполнување на ветувањата со кои доаѓаат на власт. Не е тоа случајно, популизмот го надмина стадиумот на недефинирано политиканство, тој сега се оформува и како „идеологија“.

Дополнителен проблем е што во овој период на пандемија со страшни последици врз економиите и врз стандардот на луѓето, инјектирањето пари од државните каси во народот се чини како логична и неизбежна „политика“. Тоа што Заев „сервисирањето“ на стопанството и на граѓаните во вакви услови сака да го прикаже како вистинска политика, идеологија и мудрост дури – па вели, „ во следните шест до осум месеци кризата ќе продолжи и целиот овој период мора да го поминуваме заедно бидејќи заедно сме посилни и помудри“ – тоа е само доказ дека човекот е изворен популист.

И во текот на неговиот прв мандат во извршната власт, кога немаше пандемија, Заев не покажа забележливи лични капацитети и желба за промени. Да, во надворешната политика ги спроведе проектите што му беа „сервисирани“ од знаеме кој (и за тоа од малкумина, меѓу кои бев и јас, доби отворена и директна јавна поддршка), но на домашен план тој не спроведе ниту една позначајна реформа.

Кога веќе ги спомнува даноците, редно е да се потсетиме. Заев во претходниот мандат се обиде да воведе прогресивен данок и да го реализира зацртаното во партиската програма. Јас лично ја критикував таа реформа во најава – бев убеден дека таквото отстапување од политиката на рамниот данок нема да донесе ни повеќе „праведност“ ни и повеќе пари во државната каса – но не може да се негира фактот дека стануваше збор за обид да се произведе нова даночна политика. Под разни притисоци, Заев брзо се откажа од намерата, го смени тогашниот министер за финансии Тевдовски, кусо време се самоименува за чувар на државната каса (додека некој не му кажа дека тоа не е баш законски) и на крајот целата таа реформа, едноставно, пропадна и се заборави, како никогаш ништо да не се случило… Продолжението на текстот прочитајте го ТУКА.

- Реклама -