Прваче посрами новинарка откако ѝ одржа лекција за коронавирусот (ВИДЕО)

Новинарка од босанската телевизија „Н1“ си доби убава лекција интервјуирајќи прваче во едно основно училиште во сараевскиот кантон во БиХ за мерките и протоколите против ширење на коронавирусот во училиштето:

„За корона ти треба маска, не сакам да се заразам“, рече момчето, по што ја впери раката кон новинарката и со прекорен тон ја предупреди да ја стави маската преку нос.

Новинарката, откако призна дека малиот е во право и му се извини, го праша за физичката дистанца и дали разбира што значи тоа.

Момчето, како од пушка, одговори:

„Да, да, да, а може малку да се потргнам“, по што се повлече чекор наназад од микрофонот.

- Реклама -