Мајчинска љубов, лекарската грижа и посветеност прават чуда, пишува „Слободен печат“, откако нивната екипа имала прилика тоа да го види на дело кога го посетила 11-годишниот Илче во неговиот нов траен групен дом во селото Корешница во Демир Капија. Како што пишува весникот, промената е толку голема што човек тешко ќе препознае дека ова е истото она дете од фотографијата објавена во медиумите, кое спиеше во фетална позиција на чергиче и кое преживуваше со чаша млеко дневно, цела година неискапено, детето со ретка болест кое првпат успеа да плесне со рачињата откако десетина дена помина на лекување во Детската клиника во Скопје.
Уште на прагот, новинарите на „Слободен печат“ ги дочекал расположен и весел Илче, облечен во нова облека и, за првпат по години, во седечка положба. Весела, покрај Илче, е и самата атмосфера и условите во домот, пишува весникот: Воздухот во овој предел е чист, климата е пријатна, а домот е опкружен со зеленило. Тоа очигледно му годи на малиот Илче, кој почнал дури и да пее:
„Станува во 7 часот наутро, си појадува, најмногу сака да јаде благо. Има две омилени, меки играчки и си игра со нив. Задолжително го поминува времето надвор во дворот кога е топло и сончево. Музика има постојано, некогаш станува со песна, пее наутро“, раскажува една од четирите жени кои се грижат за него… Целиот текст прочитајте го ТУКА.