Малиот Илче од Охрид закрепна и заминува во новиот дом во Демир Капија

Малиот Илче од Охрид, по десеттина дена лекување и нега на детската клиника, успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. Здрав и расположен заминува во мал групен дом, објави министерот за здравство Венко Филипче, искажувајќи огромна почит за целиот персонал од установата.

11-годишниот Илче боледува од церебрална парализа, а како што пишуваа медиумите, спиел на чергиче на под, со една чаша млеко на ден и неискапец цела 1 година. Откако неговите родители, прво таткото, а потоа и мајката, го напуштиле, низа надлежни институции, се чини, целосно потфрлија (повеќе ТУКА).

Првата искра надеж за Илче се појави кога неговите болни крици стигнале до соседката на ул. „Питу Гули“ во Охрид. Откако медиумите ја објавија неговата сторија, министерот за здравство Венко Филипче, се погрижи тој со амбулантно возило да биде донесен на лекување во Скопје.

По закрепнувањето, Илче заминува во мал групен дом во Демир Капија, каде ги има потребните услови согласно трајната болест на момчето и потребната нега.

- Реклама -