Антикорупциска отвори предмет против Ангеловска за депозитот во „Еуростандард банка“

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвори предмет за министерката за финансии Нина Ангеловска и ќе проверува дали располагала со информација за случувањата во „Еуростандард банка“ пред да ги повлече средствата, потврди за „ТВ24“ првиот човек на антикорупционерите – Билјана Ивановска.

Претходно од Антикорупциска најавија дека откако ќе бидат направени детални проверки, како прво дали има судир на интереси во случајот и како министерката во заминување ја пријавувала имотната состојба, ќе ја инфоририраат јавноста дали ќе отворат предмет.

Според Антикорупциска, министерката лани во септември во првиот анкетен лист пријавила 250.000 евра во „Еуростандард банка“, а во јануари годинава се случила промена во нејзиниот анкетен лист кога таа пријавила дека повлекла околу 130.000 евра за купување удели во инвестициски фонд. После пет месеци од првата промена, на 24 јуни годинава, министерката пријавила дека повлекла девизи и денари со кои купила стан. Станот е пријавен во анкетниот лист, но портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски вчера излезе со тврдење дека Ангеловска ги пријавила станот и дел од девизите дури откако тој открил во јавноста документи дека Ангеловска купила стан, а не го пријавила. Повеќе на „Плусинфо“.

- Реклама -