Героски за депозитот на Ангеловска: За ова во најмала рака веднаш се поднесува неотповиклива оставка

И додека за министерката за финансии Нина Ангеловска пишувањата во медиумите за нејзиниот депозит во „Еуростандард банка“ се тенденциозни дезинформации и лажни вести за дефокусирање на јавноста, за новинарот Бранко Героски лажна вест и дефокусирање на вниманието на јавноста од клучните факти содржи токму демантот што таа денеска го испрати по повод случајот со стечајот на банката.

„Не е спорно што имала пари во банка. Не е спорно што ги извлекла парите (колку и да извлекла) и што си купила стан (што и да купила). Спорно е што ги повлекла парите од банката во пропаѓање откако со назнаката ‘тајна’ е лиферувана информација за проблемите на банката, информација која сигурно дошла да министерката, информација која ѝ дала предност да дејствува пред другите ‘обични’ штедачи“, пишува Героски на Фејсбук по демантот на министерката.

За ваков случај, смета новинарот, Ангеловска (или кој било во нејзина ситуација) веднаш би требало да поднесе неотповиклива оставка, за на истражните органи да им се остави можност да утврдат дали има злоупотреба на службената положба и овластувања.

Героски го објави и документот од Народна банка од 1 јуни 2020 година, со назнака „Професионална тајна“. Последните пари од сметката во Еуростандард банка, според нејзиното признание, Нина Ангеловска ги извлекла на 24 јуни 2020 година, додава Героски.

„Што уште треба да се објаснува? Дека министерката не знаела дека банката пропаѓа? Кој овде лаже, кој дефокусира?“, прашува новинарот.

https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/3166733670114973?comment_id=3166758293445844

- Реклама -