Тестот на Џафери е негативен, но има класични симптоми и прима терапија за Ковид-19

Тестот на претседателот на Собранието – Талат Џафери, е негативен, но тој ги има сите симптоми и класична слика на коронавирусот и прима терапија за Ковид-19, вели за „НОВА“ директорката на Инфективната клиника во Скопје – д-р Милена Стевановиќ.

Според неа, не е чудно кај пациентите од Ковид-19 првиот тест да е негативен.

„Имаме пациенти со по 3-4 негативни тестови со симптоми на Ковид кои ги лекуваме, а дури последниот тест покажал дека се позитивни“, вели директорката.

И покрај тоа што Џафери се лекува од ковид, а влезот и посетите во болниците се строго контролирани од почетокот на пандемијата, собранискиот спикер денеска беше посетен од неговите сопартијци вицепремиерот Бујар Османи и директорот на Клиниката за торакална хирургија – Неџати Јакупи. Посетата ја соопшти Османи лично, споделувајќи заедничка фотографија на својот Фејсбук профил.

Додека денеска тој избегна директно да одговори кој и во кое својство му дозволил влез на Инфективна и посета на Џафери, па уште и фотографија, директорката Стевановиќ, во изјавата за НОВА, се обиде да се/го оправда:

„Тој беше дојден за конзилијарен преглед кај друг пациент, па го искористил моментот да го види пациентот“, вели таа. Повеќе ТУКА.

- Реклама -