Радовишкиот оџа порача: За господинот Заев и во црква ќе влеземе

„За господинот Заев и во црква ќе влеземе. Почитуваниот премиер, најголемо благословие ќе добие од Господ“, порача радовишкиот оџа во видео обраќање објавено на друштвената мрежа Фејсбук.

„Оваа слика нека ја гледа партијата, ние како организатори во џамијата немаме право да говориме поради партијата, поради почитуваниот премиер. Не во џамијата, и у црква ке влеземе, народот да го собереме. Господинот Заев, почитуваниот премиер, нема да го изгубиме, ќе го добиеме. Сега ќе цркам во микрофон народот да се собере во митингот. После првиот ден на гласањето, истото ќе го повторам на народот. Господинот Заев сѐ што даде на овие наши малцинства, нека биде здрав и жив, на сите оние. На сите очите им ги отвори, на сите зимници, на сите картички. Тоа е големо благодарност, он најголемо благословие ќе добие од Господ. Поздрав на него и на Игор Милев“, порача оџата во видеото кое во меѓувреме е избришано, но секако, ова е Интернет…

- Реклама -