Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионерите и за неактивните баратели на работа

Домашна платежна картичка и за пензионерите и за неактивни баратели на работа – најави техничкиот премиер и Носител на листа на СДСМ во Изборна единица 2 – Оливер Спасовски, во интервју на ТВ „Шутел“.

„Најавувам четврта мерка за сите пезионери кои примаат пензија до 15.000 денари и за неактивните баратели на работа што се пријавуваат на 6 месеци, ќе добијат и тие домашна платежна картичка“, рече Спасовски.

Тој ги објасни и мерките од претходните три пакети, а истакна и дека СДСМ ја градат земјава како социјална држава, што е уставна обврска.

Вети и изградба на социјална зграда во Шуто Оризари со 52 стана, а се осврна и на направеното за интеграција на Ромите.

„Коалицијата #Можеме знае каде ја води држаата. Од режим ја донесовме на правиот пат кон НАТО и ЕУ и заеднички продолжуваме по правиот пат“, заклучи Спасовски.

- Реклама -