173 новозаразени и 15 починати во последните 24 часа – најмногу од почетокот на пандемијата!

Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство:

По градови, новозаразените се од:

Скопје-75
Куманово-9
Дебар-6
Штип-8
Прилеп-6
Тетово-9
Струга-14
Велес-3
Охрид-10
Кавадарци-3
Гостивар-7
Гевгелија-2
Струмица-1
Крушево-1
Кочани-4
Пробиштип-1
Берово-1
Валандово-1
Свети Николе-6
Кичево-3
Ресен-3.

Починати се 15 лица, што е најголем број на починати во 24 часа во земјава од почетокот на пандемијата наваму. По градови, осум се од Скопје, двајца од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64, 73 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од:
Скопје-105
Куманово-1
Штип-7
Тетово-12
Струга-10
Велес-1
Охрид-4
Гостивар-1
Струмица-1
Кочани-5
Пробиштип-1
Неготино-2

Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556.

Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3208, активни 2010
• Куманово 769, активни 219
• Дебар 102, активни 50
• Штип 355, активни 161
• Прилеп 269, активни 43
• Тетово 723, активни 389
• Струга 242, активни 145
• Велес 189, активни 42
• Битола 54, активни 20
• Охрид 180, активни 151
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 129, активни 70
• Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 16, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 4
• Кочани 73, активни 21
• Пробиштип 20, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 1
• Валандово 7, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 36, активни 32
• Кичево 38, активни 32
• Ресен 111, активни 97
• Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

- Реклама -