Повторно девет починати, 150 новозаразени во земјава во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 93
– Куманово 7
– Штип 3
– Прилеп 4
– Тетово 12
– Струга 3
– Битола 1
– Охрид 9
– Гостивар 3
– Кочани 1
– Кичево 8
– Ресен 5
– Неготино 1

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починале две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починале пет лица на возраст од 63, 60, 77, 72 и 69 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти.

– Скопје 21
– Штип 3
– Прилеп 2
– Тетово 3
– Битола 1

Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.906, бројката на оздравени пациенти е 2.236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.393. Дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2893, активни 1931
• Куманово 732, активни 276
• Дебар 89, активни 37
• Штип 306, активни 181
• Прилеп 246, активни 23
• Тетово 640, активни 374
• Струга 196, активни 114
• Велес 173, активни 30
• Битола 46, активни 15
• Охрид 149, активни 125
• Кавадарци 14, активни 8
• Гостивар 104, активни 63
• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 14, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 67, активни 30
• Пробиштип 14, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 24, активни 22
• Кичево 24, активни 20
• Ресен 94, активни 90
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

- Реклама -