СДСМ: Во Сарај, Чаир, Даме Груев и Тетово масовно се прекршува полицискиот час, а полицијата на Чулев игнорира

„Целата јавност преку медиумите можеше да види како низ многу општини воопшто не се почитува забраната за движење, а полицијата тоа го игнорира и воопшто не постапува.

Сарај, Чаир, Даме Груев, Тетово се само дел од општините и населбите каде масовно се прекршува полицискиот час додека полицијата на Чулев не презема ништо“, велат од СДСМ во партиско соопштение.

Од владејачката партија бараат оставка од техничкиот министер за внатрешни работи:

„Ваквото непостапување и игноратски однос на Чулев е доказ за целото негово лицемерие и е опасност по јавното здравје.

Уште еднаш се докажа дека Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Нему му е поважно да ги брани прекршувањата сторени од неговиот шеф Христијан Мицкоски отколку да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата.

Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмлаку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш“, се вели во соопштението.

- Реклама -