Нови 29 случаи на коронавирус, 6 оздравени, 25 xocпитализирани во последните 24 часа

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

– Штип 1
– Велес 3
– Гостивар 1
– Кочани 1

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2. Досега во земјата се направени вкупно 20088 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.

Направените 349 теста се преку: ИЈЗ –211, Ветеринарен ф-тет -27, Авицена –17, Биотек -34, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со PCR метода -10 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 20088 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

- Реклама -