Убавото време и олабавените мерки ги наполнија плажите во Грција (ФОТКИ)

Убавото викенд време, прилично високите температури и олеснувањето на мерките, меѓу кои и забраната за капење, ги нaмaми атињаните да ги „нaпaднaт“ блиските плажи на полуостровот Атика.

Според грчките медиуми, иако имало одредени примери на непочитување на мерките, повеќето од посетителите на плажите ги почитувале мерките и се придржувале до физичката дистанца. На фотографиите, меѓутоа, не изгледа баш така.

Грчките медиуми потсетуваат и дека од почетокот на неделава временската прогноза покажува брз рааст на температурите, кои би го достигнале до 35 степени Целзиусови во централните и јужните делови на Грција, поради што се очекува уште поголем број Грци да се впyштат кон плажите.

Фотки: Прототема

- Реклама -