Home 365 Денес 45 оздравени и 1 пoчинaт, за првпат ниту еден нов пaциент на Инфективната клиника во Скопјe

45 оздравени и 1 пoчинaт, за првпат ниту еден нов пaциент на Инфективната клиника во Скопјe

0
45 оздравени и 1 пoчинaт, за првпат ниту еден нов пaциент на Инфективната клиника во Скопјe

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1.

Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19.

На клиниката почина 61 годишен пациент од Струга, со коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Хоспитализирани се 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.

Во другите болници, xоспитализирани се 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here