„СЗО повторно се премисли“, Трамп и Макрон сложни дека на организацијата ѝ е потребна реформа

Прво се попишмани за тоа дали коронавирусот се пренесува од човек на човек, а потоа и неколкупати за носењето заштитни маски. Оттогаш Светската здравствена организација (СЗО) се наоѓа под будното око на критичарите, но и на целата јавност, кои се во исчекување на следната грешка на организацијата. И за жал, не чекаа долго пред да добијат нов повод за критика – СЗО уште еднаш се поправи, овојпат на темата имунолошки пасоши и дали оздравените од Ковид-19 развиваат антитела.

Во саботата, СЗО ги предупреди земјите кои размислуваат за издавање на имунолошки пасоши (сертификати или одобрувања за враќање на работа за луѓето кои го прележале Ковид-19) да се откажат од таквата идеја, бидејќи „сѐ уште нема докази дека луѓето кои прележале Ковид-19 и развиле антитела не можат повторно да се разболат“. Со издавање на имунолошки пасош на лице кое може повторно да заболи, се зголемува ризикот од ширење на вирусот, образложија од СЗО.

Истиот ден, меѓутоа, серијата твитови беше избришана, а СЗО објави ново објаснување, кое многумина го протолкуваа како промена на ставот на организацијата, иако не е така:

„Порано денеска твитнавме за нов научен брифинг на СЗО што се однесуваше на ‘имунолошки пасоши’. Твитот предизвика одредена загpиженост и би сакале да појасниме:

Очекуваме дека повеќето од луѓето кои се заpaзени со Ковид-19 ќе развијат одговор со антитела кој ќе понуди извесно ниво на заштита.

Она што сѐ уште не го знаеме е нивото на заштита или колку долго тоа ќе трае. Работиме со научниците ширум светот за подобро да го разбереме имунолошкиот одговор на телото кон Ковид-19. Досега, ниту една од студиите не ги одговори овие важни прашања.

Сите нови докази, СЗО ќе ги ажурира во научниот брифинг: http://bit.ly/3bE1l9g “, се вели во соопштението.

Слична, меѓутоа, беше и претходната порака на организицијата:

Прочитајте и:  Кремљ демантира дека Путин и Трамп имале телефонски разговор

„Во моментов нема докази дека луѓето кои оздравеле од Ковид-19 и имаат антитела се заштитени од втора инфекција.

Развојот на имунитет на одреден патоген преку природен пат (природна инфекција) е процес од повеќе чекори кој обично трае 1 до 2 недели. Овој процес често се мери преку присуството на антитела во крвта.

СЗО продолжува да ги анализира доказите за одговорот на телото со антитела против Ковид-19 коронавирус инфекцијата. Повеќето од овие студии покажуваат дека луѓето кои закрепнале од заpaзата имаат антитела за вирусот. Меѓутоа, дел од овие луѓе имаат многу ниско ниво на антитела во крвта. СЗО работи со истражувачите ширум планетата за подобро да го разбере одговорот на човечкото тело со антитела кон инфекцијата од КОвид-19 и дали реакцијата со антитела значи и заштита од понатамошни инфекции и ако да, колку долго трае.

Во овој момент на Ковид-19 пандемијата, нема доволно докази за ефективноста на имунитетот со антитела за да се гарантира точноста на ‘имунолошки пасоши’ или сертификати за ‘Немање ризик’.

Свесни сме за анксиозноста околу непознатите за вирусот за оние кои оздравеле од Ковид-19. СЗО и пapтнерите продолжуваат да ги ревидираат доказите за одговорот со антитела кон инфекцијата. Сите нови докази на оваа тема ќе бидат ажурирани“, порачаа претходно од СЗО.

„ПОТРЕБНА Е РЕФОРМА НА СЗО“

Најгласен во критиките, сепак, останува американскиот претседател Доналд Трамп, кој нареди САД да престанат да ја финансираат СЗО. Последен кој му се придружува (во критиките, не и во прекинот на финансирањето), се чини, е францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што соопшти портпаролот на Белата куќа – Џуд Дир, Трамп и Макрон во тлефонски разговор се согласиле дека „е неопходна реформа на Светска здравствена организација“, пренесуваат агенциите.

 

- Реклама -