Докторката Дебора Биркс ги доби своите пет минути слава, иако тешко дека ги ужива. Биркс е координаторката за коронавирус на администрацијата на Доналд Трамп во Белата куќа, и токму кон неа американскиот претседател се обраќаше кога вчера предложи да се разгледа можноста пaциeнтите од Ковид-19 да бидат третирани со „УВ или друга силна светлина што преку кожата или на друг начин ќе се внесе во човечкото тело“, како и да се разгледа можноста средство за дезинфекција да биде внесено преку инјекција во белите дробови, затоа што многу брзо го убивало вирусот.
Оттогаш, видеото од реакцијата на Биркс додека Трамп во пар наврати ѝ вели „Мислам дека рековте дека не се истражиле, ама ќе истражите. Мене ми звучи интересно“, масовно се споделува на друштвените мрежи меѓу корисниците од целиот свет. Како што се гледа од истото, Биркс прво внимателно следи што зборува Трамп, а потоа го втренчува погледот некаде во зeмja и почнува забрзано да трепка. Шеговитите корисници на друштвените мрежи се погрижија видеото да добие и разни адекватни музички позадини.
You can see Dr. Birx’s soul leave her body as Trump suggests injecting people with disinfectant and ultraviolet light pic.twitter.com/smtH39dACp
— NowThis (@nowthisnews) April 25, 2020
Birx is dying inside. We are so fucked. A stupid leading us when the most complicated thing happening ever in the history. #TrumpDisinfectant #TrumpIsNotADoctor #TrumpPressBriefing pic.twitter.com/XFTecb50V6
— Vamsi Nimmala (@vamsi_nimmala) April 25, 2020
Откако предлогот на Трамп наиде на исмевање во практично целиот свет, тој изјави дека бил саркастичен и сакал да види како ќе реагираат медиумите.
И Биркс мораше да го брани: „Кога тој ќе добие нова информација, тој сака да зборува на глас за тоа и навистина да го има тој дијалог, и тоа беше дијалогот што тој го имаше. Мислам дека тукушто ја имаше видено информацијата… и сѐ уште ја ‘вареше’ таа информација“, рече таа.
Dr. Birx defends the President: When he gets new information, he likes to talk that through out loud and really have that dialogue and so that’s what dialogue he was having. I think he just saw the information at the time immediately.. and he was still digesting that information pic.twitter.com/3XrNvs8UjX
— Acyn Torabi (@Acyn) April 24, 2020