Трамп: Наредив да се прекине финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ наредил на својата администрација да престане со финансирање на Светската здравствена организација. Ваквиот потег Трамп го соопшти на вчерашната прес-конференција, обвинувајќи ја СЗО дека не ја исполнила својата основна должност – да одговори на ширењето на коронавирусот. Toj порача дека организацијата мора да понесе одговорност за економскиот xaос и илјадниците cмpтни случаи предизвикани од коронавирусот.

Трамп ја обвини СЗО дека знаела за тежината на вирусот во Кина уште пред да го предупреди остатокот од светот, како и дека промовирала „кинески дезинформации“ за коронавирусот и дека тоа довело, веројатно, до поголема епидемија на вирусот.

„Ако СЗО си ја сработеше работата и испратеше медицински експерти во Кина за објективно да ја проценат состојбата на теренот, епидемијата можеше да биде задржана во нејзиниот почеток, со многу помалку мpтви. Толку многу cмpтни случаи само поради нивните грешки. Илјадници животи ќе беа зачувани ако СЗО си ја вршеше работата како што треба. Затоа мора да одговараат“, рече Трамп, најавувајќи дека прекинот на финансирањето ќе трае сѐ додека се истражува улогата на СЗО во „лошото управување и прикривањето на ширењето на коронавирусот“.

Прочитајте и:  Елен Деџенерис наводно се иселила од САД поради победата на Трамп

Генералниот секретар на ОН – Антонио Гутереш, го повика Трамп да не го прекинува финансирањето на СЗО. Сега не е време за тоа, напротив, сега е време за единство и соработка во меѓународната заедница, за солидарна заедничка работа и борба против вирусот и последиците од пандемијата, порача тој.

Претходно и првиот човек на СЗО – Тедрос Адханом Гебрејесус, изрази надеж дека САД ќе продолжат да ја финансираат СЗО, и покрај критиките од Трамп.

САД се најголемиот финансиер на СЗО, покривајќи околу 15% од буџетот на организацијата. Само минатата година САД ѝ дала на СЗО повеќе од 400 милиони долари.

- Реклама -