Дурловски: Докажаните и успешни Македонци не ја користат сpaмната придавка

Оперскиот пејач Игор Дурловски, преку Фејсбук статус го пофали потегот на македонскиот поп печај Влатко Лозаноски – Лозано, кој на вчерашните Music Award Ceremony (MAC) во Белград го поправи водителот дека доаѓа од Македонија, а не од земјата „со таа додавка што водителот ја кажал“.

Дурловски вели дека воопшто не е изненаден од таквата постапка на Лозано, бидејќи, според него, „докажаните и успешни Македонци не ја користат сpaмната придавка“.

Тој додава и дека не е изненаден што власта „папагалски ја повторува“ придавката, бидејќи, како што вели, со тоа сака да ги навикне граѓаните на истата.

- Реклама -