Паричката го одмина Мицкоски за првпат по неколку години

Месец јануари е исполнет со празници за семејството Мицкоски, раскажуваше сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Рози Мицкоска, пред неколку дена, во интервју за весникот „Вечер“. Прво, открива таа, Христовото раѓање воедно го слават и како именден на Христијан, потоа на 20 јануари го слават Свети Јован – именденот на постариот син, а на 30 јануари го слават – Свети Антониј, роденден и именден на помалиот син. Овие празници ги поминуваат во топлата атмосфера во својот дом, исклучиво со најблиските или со најдобрите пријатели.

Посебно возбyдлив момент за нивните деца е кршењето на домашното лепче со паричка за Бадник. Изминативе пет години, сепак, паричката постојано паѓала кај Христијан, откри Мицкоска.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Годинава, меѓутоа, која за Мицкоски е клучна од повеќе аспекти, паричката за првпат го одминала лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „Лидер“ откако го контактирале за да прашаат како поминало кршењето на лепчето. Завршила токму кај неговата сопруга, пренесува порталот.

 

 

- Реклама -