Заев оптимист: Полноправна членка на ЕУ веќе во 2025 до 2027 година

Земјата ја чекаат медени години, вели премиерот (кој утрово поднесе оставка) Зоран Заев во денешното интервју во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Заев истакна дека сака земјата да стане членка на ЕУ тогаш кога ќе заслужи, но потенцираше дека капацитетите и механизмите што ги добиваме ќе помогнат земјата да се европеизира.

„Не треба да итаме, туку да бидеме подготвени“, рече Заев и изрази увереност дека веќе во 2025 или 2027 година, зависно од перформансите што ќе ги покаже, Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ, пренесува „Слободен печат“.

 

- Реклама -