Што значи зборот „министер“?

Зборот „министер“, со кој денес ги означуваме господата членови на владата, доаѓа од латинската именка minister, што означува некој „кој служи“, „кој помага“, па оттаму – „слуга“, „помошник“, „служител“.

Именката „minister“ во латинскиот е изведена од компаративот minus (од parvus „мал“) и од суфиксот –tero. Логиката на овој развој е веројатно идејата дека оние што се избрани некому да слyжат, слyгите, се помали по значење од оние што ги избрале да им слyжат.

via ΑΡΓΩ

- Реклама -