ВИДЕО: Автобус пропаднал во дупка на патот додека чекал на црвено

Несекојдневен инцидент во Питсбург, Пенсилванија. Додека автобус чекал на црвено на семафор во центарот на градот, на патот се отворила дупка која го „проголтала“ задниот дел на автобусот.

Инцидентот се случил во најпрометниот дел од денот, но за среќа во автобусот, покрај возачот, имало само еден патник. Со минимални повpeди тој бил пренесен во бoлница, додека возачот е целосно неповpeден.

Како што се гледа од видеото, поради тежината на задниот дел на автобусот, кој пропаднал во дупката, предниот дел останал подигнат во воздухот.

- Реклама -