Македонска пливачка урна 11 државни рекорди!

13 државни рекорди паднаа на меѓународниот пливачки митинг „13 ноември“ во Скопје, одржан викендов на 19. и 20. октомври во базенот „Борис Трајковски“, во организација на пливачкиот клуб „Бета Шаркс“ од Скопје.

Миа Крстевска од ПВК „Орион“ постави апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно (со време од 2:14:53), додека Ева Петровска од ПК „Аква Про“ постави младински рекорд во дисциплината 200м делфин (со време 2:20:23).

Останатите 11 државни рекорди на 25-метарски базен ги постави Миа Блажевска Еминова, поставувајќи најдобро кадетско време на 50м делфин (28:51), потоа кадетски и младински рекорд на 100м слободно (57:60), кадетски и младински рекорд на 50м слободно (26:49), па кадетски, младински и апсолутен рекорд на 50м грбно (29:91), и кадетски, младински и апсолутен рекорд на 100м мешано (1:05:22).

Извор: Sport1.mk

- Реклама -