И Ципрас за датумот: Ова е пораз на европскиот проект

По неславниот самит на Советот на ЕУ, како што го оцени еврокомесарот Јоханес Хан, на кој не беше донесена одлука за почеток на пристапните преговори на Македонија и Албанија со Унијата, се огласи и екс-премиерот на Грција – Алексис Ципрас. Ципрас строго ја критикуваше ваквиот исход од самитот.

„Одлуката на Европскиот совет да одбие почеток на преговорите со Северна Македонија е порака на слабост и пораз на Европскиот проект“, напиша Ципрас, за во следниот твит да додаде:

„Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел. На нашите народи им должиме да продолжиме да се бориме за иднината и единството на Европа“.

- Реклама -