Заев: Недобивањето датум ќе нѐ направи посилни и поискусни

„Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме, а од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни“, напиша премиерот Зоран Заев доцна синоќа на Фејсбук, откако според последните информации од самитот на ЕУ стана мошне извесно дека Македонија и оваа година останува без зелено светло за датум за почеток на преговорите за пристапување во Унијата.

„Никој не може да нѐ спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме – патот на раст на платите, патот на борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето, патот на социјална заштита на ранливите, патот на градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин.

Почитувани граѓани, стануваме членка на НАТО, што беше наша стратешка цел од независноста до денес. Јасно е дека Балканот се промени и дека станува извор на стабилност. ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски. Остануваме посветени и со работа докажуваме каде ни е местото“, порача Заев.

- Реклама -