Заев за изјавата на Груби: Ние политичарите понекогаш лупаме такви глупости (ВИДЕО)

„Дека со Законот е купен мир во државата…?“, повтори премиерот Зоран Заев со доза на зачуденост додека новинарите се обидуваа да му ја објаснат синоќешната изјава на Артан Груби од ДУИ, кој порача дека цената на имплементација и применувањето на Законот за јазици (што е една од забелешките на Венецијанската комисија) е неспоредлива со цената на мирот и меѓуетничките односи.

По низа гримаси на неодобрување на кажаното од страна на Груби додека го следеше прашањето, премиерот се почеша по увото, ги крена веѓите и без многу задршка рече дека „политичарите знаеле понекогаш да лупаат такви глупости“, по што продолжи да објаснува дека јазикот е човечко право и средство за меѓусебно разбирање, пренесе „Прес24“.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд

Груби, пак, кој денеска се дообјаснуваше и тврди дека неговата изјава не значела (парафразираме) „или Закон за јазици, или војна“, не остана покусо. Вели дека не се чувствува навреден од изјавата на Заев, бидејќи премиерот зборувал самиот за себе:

„Јас ценам дека изјавата на премиерот е за самиот него и сметам дека е еден момент на саморефлексија и зачестена самокритика, која како што гледаме, често е проследена и со извинувања од негова страна. Но, сметам дека е соодветна карактеристика за премиерот“, изјави Артан Груби, пренесува Тв Шења.

- Реклама -