Бездомничка со неверојатен глас ја плени Америка, ова е нејзината приказна (ВИДЕО)

„Четири милиони луѓе го викаат Лос Анџелес дом. 4 милиони приказни. 4 милиони гласови… некогаш треба да запреш и да послушаш еден од нив, за да чуеш нешто прекрасно“, напиша полицијата од Лос Анџелес на Твитер, споделувајќи видео од бездомничка која ја начекале додека пее во метрото.

Видеото собрало толку многу реакции, што новинарите од ABC  и NBC тргнале да ја пронајдат и да откријат која е жената, но и да откријат каква е таа животна приказна кога еден ваков талент може да остане на улица.

Откриено е дека жената се вика Емили Заморка. Има 52 години и родена е во Русија, каде студирала музика, и тоа класична виолина и пијано. Во САД пристигнала на 24 години, а на почетокот заработувала држејќи часови по виолина.

Наскоро ѝ се случиле низа здравствени проблеми и се соочила со високи болнички сметки. Заработувала свирејќи на улица, сѐ додека не ѝ ја укpaле виолината вредна 10.000 долари. Спречена да заработува, Емили била исфрлена од станот каде живеела.

„Спиев кај стигнам. Улиците беа безбедни, Бог ме чуваше“, вели за „Inside“.

Среќна е што полицијата од Лос Анџелес ја снимила, бидејќи чула куп прекрасни коментари за својот глас, но и видеото инспирирало неколку хуманитарни акции за Емили да добие помош. По сѐ изгледа, таа е на прагот да добие втора шанса во животот.

Во видеото „Inside“ потсетува и на уште еден бездомник кој со својот глас ја воодушеви Америка. Денес човекот е популарен радио водител.

- Реклама -