ВИДЕО: Лудата „кунг-фу“ одбрана на Митревски прогласена за најдобра во ЛШ

13-те одбрани на голманот на македонската ракометна репрезентација – Никола Митревски, за жал, не му донесоа победа на тимот на „Еурофарм Работник“. Со заостанување од само еден гол, неговиот тим загуби од домаќинот и шпански вицепрвак – „Бидасоа Ирун“ (26-25).

Затоа, пак, 13-те одбрани на Митревски, од кои неколку во клучните моменти, по којзнае кој пат ја потврдија високата класа на македонскиот голман. Една од нив, чиниш извадена од кунг-фу филм, ЕХФ ја прогласи за најдобрата одбрана на колото. Видеото од Топ 5 најдобри одбрани, предводени, како што рековме, од оваа на Митревски, погледнете го на вебсајтот на ЕХФ – ТУКА.

 

- Реклама -