Не е лесно да се внимава и на двојазичност, и на полна линија: Бујар Османи доби казна од МВР

Саботната инспекција на вицепремиерот за европски прашања – Бујар Османи, во која ги прегледа таблите на влезовите на институциите дали се двојазични, резултираше со прекршочна пријава од страна на МВР за кршење на Законот за патен сообраќај.

Откако реагираше и јавноста, од МВР потврдуваат дека на Бујар Османи му е изречена соодветна казна за сообраќаен прекршок. Како што може да се види од видеото, објавено на Фејсбук профилот на Османи, тој во еден момент разговара на телефон додека вози, а во еден момент минува и преку полна линија.

 

- Реклама -