„Кошаркарскиот Моцарт“ Дражен Петровиќ

Ако треба да се даде опис за тоа каков кошаркар беше, ќе му го препуштиме тоа на Тони Кукоч кој за него изјави: Ако играш со него, ризикуваш да пропуштиш нешто. Подобро беше да го гледаш од страна.

Беше чудо од дете, кошаркарски Моцарт. За името на Дражен Петровиќ се врзуваат некои од најраскошните епитети на нашето време. Познавачите на спортот и медиумите се натпреваруваа кој позвучно ќе го пофали или ќе ја опее неговата игра. Таквиот однос продолжи и по неговата смрт во сообраќајната несреќа во 1993 година, кога и да се спомене името на најдобриот хрватски, југословенски, можеби и европски кошаркар на сите времиња. Откако Дражен засекогаш го напушти овој натпревар, некаде на автопатот кај Инголштат, сите сакаат да говорат само за убавите работи.

„Беше човек и спортист кој се разликуваше од останатите по три нешта: амбиција, амбиција и амбиција“, се присетува Зоран Чутура, негов долгогодишен соиграч од Цибона и репрезентацијата на СФРЈ. „Од тоа, со неговиот вроден талент, произлезе и сѐ останато, од извонредната работна етика до другите квалитети низ кариерата“, вели Чутура. Тој смета дека историската големина на Дражен е во тоа што ги уривал бариерите на своето време, го отворал патот по кој подоцна чекореле другите. „Ќе ги немаше во НБА ни Кукоч, ни Новицки, ни Паркер, да не беше Дражен

– Дражен Петровиќ на 8 години станува секое сабајле во 5:30 за да оди во сала и да шутне 500 пати пред да оди во школо.

– На 15 години дебитира во првата југословенска лига.

– Ме предизвикуваше и ме навредуваше на четири јазики. Обожував да играм против него. За мене е најдобриот шутер кој сум го видел (Реџи Милер)

– На 16 години е првотимец и ја завршува сезоната со 16,3 поени по натпревар.

– На 18 години е веќе неприкосновен лидер на тимот кој го загуби финалето во Купот Корач од Лимож.

– На 21 година во дресот на Цибона постигнува 112 поени против Олимпија Љубљана, го завршува првенството со просечни 43,3 поени по натпревар и освојува Куп на Европски шампиони со 37 поени по натпревар.

– Ако играш со него, ризикуваш да пропуштиш нешто. Подобро беше да го гледаш од страна (Тони Кукоч).

– На 23 години веќе имаше две титули во Европскиот Куп на шампиони.

– На 25 години во Реал Мадрид постигнува 62 поени во незаборавното финале во Купот на Куповите против Казерта.

– На 26 години е во НБА во Портланд, но со премала минутажа.

– Запаметете секогаш дека кога ќе видите Европеец во НБА, знајте дека патот му го има отворено Дражен.

– На 27 години преимнува во Нетс. Првата сезона постигнува 12,6 поени по натпревар, а следните две над 20.

– На 28 години игра пријателскиот натпревар против Италија во Трст. Промашува три шута кои обично ги гаѓа без проблеми, но не се обесхрабрува и продолжува да шутира. За време на тајм аутот не го слуша тренерот, оди под кош и го гледа внимателно. „Судија обрачот е поместен неколку сантиметри, треба да се стави на место. Грешката е корегирана и од тој момент почнува да реди кошеви.

-На 29 години Вернон Максвел пред Хјустон – Њу Џерси вели: Треба допрва да се роди белец од Европа за да може да ми ги врзува врвките. На табелата на поени на крајот кај Дражен Петровиќ стоеше бројот 44.

– По крајот на таа сезона му следуваа квалификации за Европско. По еден натпревар во Полска тимот се враќа од Хрватска со авион, а Дражен преферирал да се врати со кола со девојка му и една пријателка. Ги фаќа невреме и прават сообраќајка во која загинува само легендарниот кошаркар. Неверојатен шок за Хрватска и целиот кошаркарски свет. На погреб доаѓаат околу 100.000 луѓе, а тоа се случува на 7 јуни 1993-та, пред 24 години.

– Еден ден додека мајка му била да го посети на гробот и се доближило едно дете: „Можеби вие сте го израснале, но тој е на сите нас“.

Via off.net.mk

- Реклама -