Марко Пејчиновски најави нов предизвик

Младата охридска спортска ѕвезда Марко Пејчиновски го најави својот нов подвиг планиран за 28. август на празникот Голема Богородица. Марко одлучи да го плива триаголникот Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид во Охридското езеро, а подвигот, како што најави претходно, го посветува на лицата со ретки болести.

„После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажувам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид“ – напиша Марко на својот фејсбук профил, притоа осврнувајќи се и на својата мајка која, онака мајчински, ја очекуваат нови моменти под трема и притисок додека Марко не стигне на целта.

Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!

П.С. Поздрав од мама, ве чекат на нервно, да ја посетите со сок и чоколада, без гаранција дека ќе ве препознајт“, напиша Марко на својот профил.

- Реклама -