30 години од „Mano de Dios“

mano

Пред точно 30 години, на Светското првенство во Мексико (1986) беа постигнати двата најубави погодоци на сите светски првенства.

Имено станува збор за натпреварот помеѓу Аргентина и Англија.

Давата гола беа дело на тогаш неприкосновениот Диего Армандо Марадона. Првиот го постигна со рака и остана еден од најконтроверзните моменти во светскиот фудбал, а вториот, четири минути подоцна, беше мајсторски соло пробив од сопствената половина па сè до голот на Англичаните. Овој гол (вториот) во 2002-та беше прогласен за гол на векот.

Аргентина го доби четврт-финалниот дуел и си обезбеди пласман во четирите најдобри.

Потоа, во полуфиналето ја доби Белгија со 2-0, па во финалето и Германија со 3-2.

La Mano de Dios

- Реклама -