Jeffrey Tsang е морнар, ама и блогер и фотограф на товарен брод кој транспортира стоки преку планетата. Неговото најново видео е тајмлапс од 30-дневното патување од Црвеното море до Хонгконг. Компонирано е од околу 80.000 фотографии полни со впечатливи глетки од небото, облаците, зајдисонцата и бурите попат.
„Пловењето по отворено море е навистина уникатен начин да почувствува колку сме всушност мали и незначајни во овој прекрасен свет“, вели канадскиот фотограф.
Повеќе од неговите поморски авантури можете да видите на Instagram и Youtube.