Губитокот на килограмите освен активност и вежби на телото бара и контролирана диетална исхрана. Диетите бараат дисциплина и посветеност, но неидржливото чувство на глад може се да упропасти.
Она што ќе ви го откриеме во продолжение, не е ниту диета, ниту пак некоја магична справа која ги топи килограмите, туку три едноставни трикови со кои можете да ја убиете гладта.
1. Кисели краставици
Киселите краставички се идеално средство за да се почусвтвувате сити. Оваа кисела намирница го намалува шеќерот во крвта па со самото тоа и го ублажува чуството на глад. Доколку чувствувате потреба да јадете, каснете неколку кисели краставички.
2. Бадеми, ореви и лешници
Јаткастите плодови се здрави и хранливи намирници кои можете да ги употребите меѓу оброкот. Една рака од овие вкусни „грицкалки“, особено во комбинација со сушено овошје, и со сигурност ќе ја победите гладта.
3. Минерална вода наместо газирани сокови
Иако и газираните сокови предизвикуваат ситост, сепак тие се калорични, и не ви помагаат во случај на диета. Испијте чаша минерална вода после изгрицканите намнирници кои ги спомнавме погоре, и нема ниту да ви падне на памет да јадете во скоро време.