Купатилото е дел од домот што мора да блеска од чистотија, но поради забрзаното темпо понекогаш останува заборавено. За чистењето да не ви предизвикува главоболка ви претставуваме три чекори за кои е потребно да одвоите само една минута.
Проветрување
По туширањето отворете ги прозорите, вратата или вклучете ја вентилацијата за да го проветрите купатилото и да спречите настанување на мувла.
Грижа за завесите
Доколку имате када со завеса секогаш по туширањето израмнете ја за да спречите собирање вода во наборите во кои се создава мувла и поради кои може да дојде до распаѓање на долниот дел на завесата.
Плочки
Можеби звучи тешко, но многу е едноставно. По туширањето или миењето коса избришете ги капките вода од плочките. Така ќе спречите настанување на бели дамки од каменецот, а плочките секогаш ќе изгледаат како нови.
Совети плус: Со крпа пребришете ги и славините на кадата за да ги отстраните трагите од сапун и да спречите таложење на каменец.
Не заборавајте на пешкирите – по туширањето не ги диплете туку испружете ги на жица за да се исушат.