Постои ли нешто што е посекси и од самиот секс? Експертите велат – ДА. Во продолжение, ви претставуваме кои се трите работи кои се наоѓаат во оваа листа:
1. Масажа на стапалата
Масажите можат да создадат сексуална енергија. Но, добрата масажа на стапалата спаѓа во посебна категорија. Стапалата генерално и не се најубавиот дел од телото, но од перспективата на вашиот партнер, тие можат да изгледаат мошне атрактивно.
2. Испраќање цвеќиња во канцеларија без повод
Прво, да биде јасно. Цвеќињата се испраќаат на јавно место, бидејќи тоа е скромен начин да се пофалите на луѓето дека некој сакате. И букетот испратен на домашна адреса секако ќе ви донесе бодови, но цвеќето без никаков повод во канцеларија ќе ја вивне вашата партнерка во ѕвездите.
3. Држење за рака
Малите допири понекогаш оставаат поголем впечаток отколку одредени гестови. Кога гледаме двојка која се држи за рака одејќи во ресторан, тоа ни мами осмех и зата се прашуваме зошто рацете на нашите сопрузи се зафатени барајќи го паричникот низ џебовите. Тргнувањето на прамени од лицето на косата, случајни допири во поминување, сето тоа се мали показатели на љубов кои се неверојатно многу секси.